
Лидерска средба во вторник – на повидок договор за Законот з ајавно обвинителство
Се` поизвесно е дека, во вторник во Собранието ќе се одржи лидерска средба, на која партиските лидери ќе донесат конечна одлука за Законот за јавно обвинителство. Од ВМРО ДПМНЕ потврдија дека на средбата ќе присуствува и нивниот претседател, Христијан Мицкоски.
На прашањето, зошто овојпат се согласија на лидерска средба без ветување за предвремени избори, што беше нивни услов сите овие месеци за средба со лидерите, одговорија дека, причина е актуелната политичка ситуација.
Премиерот, пак, изјави дека е подготвен да свика лидерска средба, но првин сака да им даде шанса на преговорите меѓу работните групи од партиите.
Заев не сакаше да зборува за план Б со кој би обезбедил 80 пратеници, доколку не се постигне договор. Иако летово најавуваше и таква варијанта, сега вели дека, голем дел од спорните делови во законот се решени и дека очекува решение во овие седум дена колку што преостанаа до крајниот рок.
Далиборка Демјанска Цветановска