
Лидерска средба најверојатно до крајот на неделата
Прва тема на лидерската средба меѓу премиерот Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе бидат претседателските избори, потврди премиерот. Тој рече дека средбата може да се случи до крајот на неделава.
„Моја задача е да разговарам со лидерот на опозицијата, кои се сите тие гаранции, што треба ние да ги обезбедиме за фер и регуларни демократски избори. Кои се одредени резерви што тие ги имаат, да ги отстраниме, затоа што Северна Македонија мора да има кристално чист изборен процес, и тоа е обврска на сите. Ќе разговараме и за реформските закони, но ниту јас ниту Мицкоски сме најстручни, треба стручни луѓе од парламентот, и од министерство за правда да седнат на маса, рече Заев.