Левица ќе поднесе кривична пријава против Заев за загрозување на независноста

Политичката партија Левица, утре ќе поднесе кривична пријава против до јавното обвинителство премиерот Зоран Заев за кривично дело против државата – загрозување на независноста. Од Левица во писменото соопштение се наведува дека прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ