
Лешочкиот манастир и МПЦ ќе станат најбогати сопственици на деловен простор!?
Доколку фирмите сопственици на градежно земјиште „Обновители“ и М.Г „Фешн“ успеат да ги изградат 60-те катниците во Општина Центар, лешочкиот манастир во Тетовско, игуменот Отец Теодосиј и Македонската православна црква ќе станат сопственици на деловен и станбен простор во вредност од десетици милиони евра. За таа цел во 2010 година во централниот регистар е формирана фирмата за градежништво „Обновители“ во сопственост на МПЦ, со седиште на фирмата на иста адреса. По, 8 години присуство во централниот регистар, владиката Тимотеј негира било какви градежни зафати и присуство на МПЦ во градежниот бизнис.
Според податоците до кои дојде Телма, управител на „Обновители“ од 2010 навака е извезен Вичко Гочевски, свештеник и дипломиран теолог од с. Кадино. Фирмата со теолошки предзнак „Обновители“ е основана со 7 илјади евра парични средства и над 2 милиони евра во недвижен имот, но вистинскиот сопственик е Лешочкиот манастир. Имотот го поседувале од 18-тиот век, а го вратиле во владение со денационализација во 2009-тата година. Игуменот Теодосиј го отстапил имотот на фирма, а за возврат потпишал меница и чека надоместок доколку се гради.
Пред неполн месец партнерското дуо „Обновители“ и фирмата М.Г. „Фешн“ на познатиот бизнисмен Зоран Антиќ и неговата сопруга косопственик Тања Антиќ од Куманово докупиле уште 9.000 метри квадратни државно земјиште од Министерството за транспорт и врски, а на државна сметка уплатиме безмалку 3.000.000 евра. Продажбата е направена во 4 очи, бидејќи Законот за градење дозволува да се дооформи градежна парцела, и се е чисто според законот, тврди ресорниот министер Горан Сугаревски.
Иако партнер на „Обновители“, сопружниците Антиќ во партнерскиот бизнис влегле само со 10 евра оснивачки влогови. Засега останува неодговорено со чии пари се докупуваат илјадници метри квадратури на елтитната локација, бидејќи и двете фирми немаат остварено профит во работењето. Но, првиот амин за комплетирање на намерите за градба, не доаѓа од минситерството и Сугаеревски. Уште во 2012-та Општина Центар носи детален урбанистчки план за Ново Маало 2 во кој од 4, во 3 градежни парцели на таа лоакција се дозволува градба на 60- катници за деловен и станбен простор. Сега ДУП-от е под мораториумска забрана за градба, а за два месеци ќе отпочне негова ревизија од мешовита стручна комисија. Локалните власти, велат дека нема да дозволат изградба на, до сега, највисоките објекти во Скопје.
Павле Беловски