
Лекции за антикорупционерите за презумцијата на невиност на функционерите
Поранешниот амбасадор во Aмерика и екс вицепремиер во земјава, седна рамо до рамо со антикорупционерите. На тема како работи антикорупциската комисија.
А, на дебатата дел од учесниците, порачаа дека не смее да се нарушува угледот на оние кои се под истрага на антикорупциската комисија за корупција и непотизам.
Ја подучија претседателката и членот на ДКСК дека не би требало јавно да ги објавуваат имињата бидејки и функционерите имаат презумцијата на невиност.
За антикорупционерите нема ништо спорно што јавно се објавуваат идентитетите во предметите кои се отворени по допрен глас, откако медиумите пишувале за функционерите.
Последната афера која го натера пратеникот Павле Богоевски да си поднесе оставка е после објавениот разговор за како што тврдеше тој набавка на масло од канабис за здравствени потреби.
Ја поднесе под притисок на јавноста. Исто така под притисок на јавноста од работните места заминаа и блиски роднини на функционери за кои имаше сомнежи за непотизам и во медиумите но и во ДКСК.
Но на денешната дебата освен дел од новинарите никој не го спомна јавниот интерес и дали тој е побитен од угледот на функционерите.
Билјана Николовска