Македонија Лекот “Спинраза” за прв пат употребен во Македонија
Министерот за здравство, Венко Филипче утринава соопшти дека на десетмесечно бебе со спинална мускулна атрофија вчера на клиниката за детски болести му е даден лекот „Спинраза“.
Станува збор за прва примена на овој најнов лек во нашата земја и оваа најсовремена терпија се дава во најразвиените земји во светот, рече министерот кој истакна дека буџетот за програмата за ретки болести е значајно зголемен и ова е веќе шести нов лек, кој е воведен за неполни две години.



