Лекарите ЗА- Владата одлучува за нов полициски час

Лекарите ЗА – Владата одлучува за нов полициски час. Скопје, Штип, Тетово и Куманово и други општини каде болеста Ковид -19 се уште не е под контрола да бидат забранети за движење од 22 часот до 05 часот изитрина е најновиот  предлог на лекарите од комисијата за заразни болести кој го испорачаа до владата. За останатиот дел од државата не се препорачуваат дополнителни рестрикции. Мерката треба да ги опфати пред се младите кои ја користат ноќтта за да се дружат и забавуваат. На овој начин ќе се расчистат парковите и излетничките места од собирања била насоката во која дискутирале членовите на комисијата иако последниот збор ќе го има владата. Додека се крои нов полициски час, продолжува препирката внатре во МВР кој е одговорен за пропустите на полицијата за време на викенд карантинот. Техничкиот министер Наќе Чулев призна грешки, а го обвини директорот на БЈБ за планирањето и организацијата на полициските патроли.

По, снимките кои открија дека граѓаните непречено купуваат намирници во скопската населба Чаир пред очи на полицијата во карантин, одговорност се бара и кај плавите униформи.

Граѓаните се шетале без маски, возеле велосипеди и се движеле без дозволи во 80-часовниот карантин. 620 граѓани паднале во раце на полицијата, а половина од нив се казнети само во Скопје. Се казнувало во сите скопски наслеби, а Охрисдките угостители најмногу ги кршеле мерките и препораките на Владата . Во, Скопје сите контролирани објекти работеле според правилата.

Павле Беловски 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ