Лекарите со барања и ултиматум, следниот протест може и да не заврши!

Лекар ранет во својот кабинет, доктор претепан во ходник од болница, нападнат медицински персонал… Ова е речиси секојдневие на здравствените работници во Македонија кои денеска излегоа на протест револтирани бранот на насилство и напади каде тие се цел и од отсуството на заштита  во и околу работното место.

Протестот под мотото „Стоп за насилството“ кој го организираше асоцијацијата на специјализанти и млади лекари а беше поддржан од лекарската комора, синдикатот и министерот Венко Филипче. Протести имаше пред многу здравствени установи во пов еќе градови низ државата.

Здравствените работници се децидни дека станува збор за комплексен проблем на кој не се обрнува внимание со години и затоа ескалира а здравствениот систем е блиску до крахот. За нив е недозволиво да бидат мета на напади бидејќи даваат се од себе, имаат огромен обем на работа, работат во катастрофални услови и имаат најниски плати во регионот.

Тие доставија пет барања до министерството и надлежните. Бараат носење на закон за докторска дејност, законски измени со кои би се изедначил нападот врз медицинско лице со оној врз службено лице,  полициско обезбедување во здравствените установи, креирање на систем за контрола на медицинските работници и вклучување на лекарите во носењето на политиките во здравството.

Од асоцијацијата нагласија дека инсиситраат да бидат вклучени во носењето одлуки и креирање на политките во здравството бидејќи тие се иднина на здравствениот систем и се пожалија на затвореност на Лекарската комора.

Министерот Филипче го осуди бранот на насилство. За него нема логика да се напаѓаат лекарите кои деноноќно се борат за да спасуваат животи.

За Филипче, полициско обезбедување и мобилни патроли остануваат единственото решение  бидејќи интерните служби за обезбедување кои биле дополнети со персонал не дале резултат. Затоа во договор со МВР, веќе се поставени мобилни патроли кај старата Градска болница а во план е истиот систем за заштита да го имаат сите Ургентни центри во државата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ