
Лекар од штипската итна помош заразен со коронавирус, во самоизолација уште 6 лица
Лекар од штипската Итна медицинска помош е заразен со коронавирусот. Резулатите од тестот му пристигнале утринава, а во самоизолација одат уште шестмина вработени, кои во неделата со него биле дежурни и одговарале на повици од граѓаните.
Директорката на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, Снежана Трајковска вели дека ова е прв случај на заразен од нивната институција од почеток на пандемијата, а анкетата треба да утврди како се заразил. Смета дека ова нема да се одрази на работата на Брзата помош.
Во Штип коронавирусот се шири не само меѓу здрaвствените работници, туку и меѓу работниците од фабриките. Причина за ширењето е неносењето на заштитни маски и групирање за време на паузите. Но, ниту казните, кои ги изрекуваат инспекторатите и судската власт не вродуваaт со плод. Штипскиот градоначалник имал и средба со претседателите на основното и вишо јавно обвинителство.
Полицијата само за едно деноноќие изрекла 44 казни на граѓани од истокот кој не носеле заштитни маски. Штип денеска бележи двоцифрена бројка на излекувани пациенти, или тоа се дел од текстилните работнички кои беа заразени од првата конфекција.
Викторија Јованова