Лекар од Кавадарци казнет со 4 500 евра заради непочитување на правилото за домашна изолација  

Судот во Кавадарци донесе пресуда за доктор од Кавадарци кој е казнет заради кривичното дело ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Тој го не почитувал  правилото за домашна само-изолација и ќе биде казнет со  4, 500 евра, односно во денарска противвредност од вкупно 276.750 денари.

“Судот го прифати казнениот налог и предложената парична казна бидејќи  обвинетиот е здравствен работник, што како околност, судот ваквата состојба ја смета за исклучително тешка  и особено штетна  за угледот и интегритетот  на здравствените работници,  особено што во овие околности на живеење се испраќа негативна порака од оние кои треба да го унапредат системот на превенција и заштита  и од истите не се очекува со своето однесување да не ги почитуваат  прописите за превенција на штитење од корона вирусот Ковид -19” – соопшти судот во Кавадарци.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ