Лекар и возач сведоци на Боки 13, денешното рочиште заврши со кавга

Хирургот Тони Јосифовски од Систина кој ги извршил двете операции врз Боки свдочеше дека на инсистирање на пациентот вршел преврски и во домот на Боки 13 но и во домот на сопственикот на болницата Орце Камчев. Рече дека не знае што разговарале кога ќе се затекнеле заедно кај Камчев.

Тони Јосифовски – сведок: Бојан Јовановски не сакаше да доаѓа во болница, па на негово инсистирање преврските ги правев кај него дома. Еднаш и во домот на Камчев. Нивните разговори не ги знам не седев долго таму.

Возачот на Боки пак раскажуваше дека неговиот шеф го возел и во солун и во Милано, но и по македонските институции како што се УЈП, Влада, МВР. Го носел и кај Камчев дома, а во еден наврат дури бизнисменот му дал поклон на Боки.

Стојан Арсовски – сведок: Орце Камчев беше многу љубезен со него. Му подари штафелај, а бидејќи беше голем мораше јас да го напикам во колата.

На крај денешното рочиште заврши со куса но бурна кавга во која се слушнаа и лични навреди меѓу обвинителката Вилма Русковска и обвинетиот Бојан Јовановски. Во случајот Рекет е обвинета и екс специјалната обвинителка Катица Јанева, која беше спомната само од хирургот кој ведочеше дека Јовановски ја убедувал и неа да интервенира со операција со која би и се намалила нејзината телесна тежина.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ