
Легализирани се 200.000 дивоградби
Над 200.000 дивоградби во земјава се легализирани. Граѓаните кои што на диво ги имаат изградено своите домови и деловни објекти сметаат дека лекот за стопирање на градењето без градежни одобренија е намалување на комуналиите. Токму висината на комуналиите и цената на плацовите пред половина век или дестетици години ги натера над 12.000 штипјани да градат на диво. Но, истите сметаат дека треба да запре овој начин на решавање на стамбеното прашање.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој денеска им ги врачи решенијата на граѓани за легализација на нивните објекти истакна граѓаните да ги искористат двата рока, бидејќи според анализите и бројот на пријавени дивоградби оваа година ќе биде и последна за продолжување на роковите, со цел да нема злоупотреби и манипулации. Што се однесува за намалувањето на комуналиите за градење смета дека треба да се види до која границата треба да оди нивното намалување.
Со Законот се опфатени објектите изградени до март 2011-та, а со него досега над 6.000 штипјани добија легализирани домови и деловни објекти.
Викторија Димитрова Јованова