Лазовски: Нема потреба од преиспитување на обврската за ДДВ обврзници

Нема потреба од преиспитување на законската одредба физичките лица со остварен промет поголем од 16 200 евра да станат даночни обврзници, тврди даночниот советник Славко Лазовски.Иако ваквата обврска предизвика многу негативни реакции во јавноста кои одеа во насока дека граѓаните со членување во Управни и надзорни одбори не вршат стопанска дејнсот, одредбата според него е во согласност со ЕУ регулативата и не значи двојно оданочување на физичките лица.

„За целите на ДДВ јасно е што е стопнаска дејност, а тоа е секоја активност што предизвикува надомест е оданочиво со ДДВ и тука нема дилеми.Не с еводиме од тоа како во некој закон е дефиниран некој поим, ние си дефинираме како што треба“, кажа Славко Лазовски даночен советник.

Според тврдењата на Лазовски владата не треба да размислува ниту за поместување на прагот за одначување кој од 2 мил. денари беше спуштен на 1 мил денари. Вели дека со одредбата се опфатени исклучително мал број физички лица кои од регистрацијата како ддв обврзници можат да користат и бенефити.

„Не знам зошто се мисли дека е лошо и негативно.Освен обврски ДДВ наметнува и поволности а тоа е повратот а тоа не е за потценување.Сега нема да има избегнување на обврската“, додаде Лазовски.

Ваквите уверувања не ги делат универзитетските професори.Борче Давитковски тврди дека се работи за класично двојно оданочување на граѓаните и дека не станува збро за стопанска дејност.Пракса е вели тој, во Македонија секоја власт да удри врз авторските хонорари и додатоците на плати но владата мора брзо да свати дека вака пари не се печалат

„Мене основна дејност ми е професурата, но институцијата не може да ме плати заради лимитирани плати и автоматски морам преку авторски хонорар. Утре ако напишам книга, сам на себе ли ке си давам фактура? Измешани се лончињата, или не разбираат ништо или „тресла се гора родио се миш“, бруката и незнаењето ќе остави последици врз Владата“, изјави Борче Давитковски, универзитетски професор.

УЈП не откри колку физички лица со промет над 1 мил. денари, оваа година се пријавиле како ДДВ обврзници. Лани биле пријавени околу 1040 физички лица, а годинава според информациите на Телма бројката е неколку кратно зголемена.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ