Лажните вести можно „оружје“ во претседателската битка

Македонските лажни вести одиграа улога во претседателската кампањата во САД но не се исклучува да бидат и едно од главните оружја во претседателската битка во земјава, која официјално стартува денеска.

Илјадници лажни вести цирклулираат на интернет и многу често тие се се дел и од една политичка пропагандна индустрија порачаа новинари и познавачи на оваа проблематика на панел дискусијата „Сите тајни на лажните вести“.

Транспарентноста и отвореноста на институциите и политичките субјекти е еден од начините на кои може да им се застане на патот на лажните вести е ставот на владата.

Лажни наслови, полувистини со кои се манипулира,  ширење  на хистерии по социјалните мрежи до целосно лажни ифнорамции се арсеналот на оние кои сакаат да ја искриват вистината и да ја прелажат јавноста. Според искусните новинари нема успешен лек против оваа модерна болест но еден од налчините да се спречи ширењетолажите вести е сериозните медиуми да ги подигнат професионалните стандарди или пак регулација и саморегулација на интернет порталите.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ