Лажни портпароли на партија, наводно за кампања од скопски газда ќариле 12 илјади евра

Сопственик на приватна фирма давал пари на рака на двајца измамници мислејќи дека финансира кампања на еден од кандидатите за претседател на последниве избори.

Во Април и Мај измамниците го убедиле газдата дека се портпароли  во партија и успеале во неколку наврати да му земат пари вкупно 12 илјади евра. По претресот на домот и автомобилот на еден од измамниците се поднесени кривични пријави и се уапсени.

Од МВР не откриваат која е фирмата и нејзиниот сопственик но ниту пак кој кандидат сакал финансиски да го поддржи.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ