Лажна дојава за бомба го евакуираше Сити Мол

На разгласот во трговскиот центар добиле известување дека треба мирно и без паника да излезат. Обезбедувањето ги упатувало кон ескалаторите и излезите.

Паркираните возила останаа во катната гаража раскажуваат соговорниците на Телма. Дел разбрале дека има дојава за бомба други не знаеа што е причината за евакуацијата.

Специјални полициски тимови со кучиња трагачи бараа експлозив.

Детално го претресуваа Сити Мал, додека наоколу имааше обрач од полиција но и возила на брза помош и пожарна, улиците беа блокирани и сообраќајот се пренасочуваше.

Вработените мораа да останат во близина на трговскиот и да го чекаат исходот. Чекаа под стреите и во околните локали и згради. По повеќе од еден час полицијата ги повика да се вратат назад.

Неофицијално потребно било да присуствуваат сопственици или вработени во локалите додека полицијата претресува.

Се испразни и зградата до Сити Мол, позната како Сити Тауер која има 140 станови. Проверки полицијата правeше и таму.

Според полициски извори на Телма, пратена е СМС порака до обезбедувањето со лажна дојава за поставена бомба во шопинг центарот.

Нашите извори велат дека вознемирувачки пораки од ист број се упатени до 40 граѓани. Содржината била дека примачот на пораката сторил кривично дело наведено и со член од законот и пишувало дека ќе мора да се јави во полиција.

МВР испитува од кој провајдер се испратени и од кого се пишувани ваквите пораки.

Од МВР попладнево и официјално потврдија дека дојавата за бомба во Сити мол била лажна, но ги информираат граѓаните и дека покани за разговор во полициска станица МВР доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС пораки

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ