
Лажен полициски инспектор измамил 78 годишна жена од Свети Николе за 2000 евра
Лажен полициски инспектор измамил 78 годишна жена од Свети Николе. Вчера околу 11 часот телефонски и се јавило лицето и се претставило како полициски инспектор од Скопје, кое ја известило дека наводно нејзината внука направила сообраќајна незгода во која загинало осумгодишно дете и за да не оди во затвор и побарал 2.000 евра, кои требала да ги даде на лице кое веќе тргнало кон Свети Николе.
По еден час, околу 12.15 часот пред нејзината куќа со такси возило дошло непознато лице кое ги зело парите, кои наводно требало да ги даде на полицискиот инспектор. Од СВР-Штип денеска информираат дека од 18 до 21 јануари токму во Свети Николе пет лица пријавиле обид за измама на сличен начин. Се апелира сите вакви сомнителни случаи да се пријават во полиција.