Лазе Велковски останува во МВР, ќе се бори со организираниот криминал

Лазе Велковски доби нова функција во МВР. Екс директорот на Бирото за јавна безбедност сега ќе биде началник на Одделот за борба со организиран криминал во МВР. За првиот полицаец Спасовски ова е правилна одлука бидејќи станувало збор за професионалец од редовите на полицијата.

Велковски беше разрешен откако службениот џип доверен од МВР заврши во Грција во летен камп управуван за приватни потребни. Грешката со Ренџ роверот не ја заврши полициската кариера на Велковски. Тој е назначен како советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а сега повторно ќе извршува раковдна функција во полицијата.

Одделот за борба со организиран криминал е формиран во 2005 година по опсежната реформа на полицијата. Главна задача на ова полициско тело е да откривање на сторители на тешки кривични дела за трговија со дрога, оружје и луѓе.

По разрешувањето на Велковски со БЈБ раководи Сашо Тасевски претходно шеф на шестата управа и еден од телохранителите на Спасевски и Заев за време на Крвавиот четврток.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ