
Лазарова: Патот до Брисел води преку Стразбур
Патот до Брисел води преку Стразбур. Според поранешниот судија за човекови права Марјана Лазарова најголем дел од стандардите важни за поглавјето 23 или владеењето на правото се утврдени преку работата на овој суд и преку работењето на експертските тела на советот на Европа.
Не треба да се заборави, вели Александар Јованоски од невладината ЕПИ дека поглавјето 23 е едно од најважните во процесот на приближување на Македонија кон Европската унија. Сите напори треба да се фокусираат кон зајакнување на судството, имајќи ги предвид последните заклучоци на Европската комисија кои констатираа и назадување на реформите во судството и кршење на параметрите важни за владеење на правото. Стратегијата за реформи во правосудскиот сектор е добар чекор напред, но треба да се биде внимателен, вели Јованоски.
За Јованоски е особено важно бидејќи Националната конвенција за Европска Унија во Македонија почнува токму со работната група за правосудство. Ваков отворен форум за постигнување на поширок општествен консензус за прашања поврзани со пристапувањето на Македонија кон ЕУ веќе функционираат во Србија и Црна Гора.
Според гостинот од Словачка директор на асоцијација за надворешна политика Александар Дулеба, токму ваквиот принципи на користење на знаењата на невладиниот сектор многу и помогнал на неговата земја во прикчучувањето кон ЕУ.
Сaња Јовановиќ Дамјановска