
Лазаревски: Првите докази за масовното нелегално прислушување ги обезбедив во 2008 година
Со лозинка преку мрежен кабел успеал да се поврзе со стариот систем за прислушување и да ги ископира логовите – свиркачот од УБК Ѓорги Лазаревски како клучен сведок во „Таргет – Тврдина“ раскажа дека иако подолго време имал индикации првите докази за масовното нелегално прислушување ги обезбедил во 2008 година.
Од материјалите забележал дека оние што имале најголем допир со прислушуваните снимки биле под три шифри меѓу кои „директор“ и „ГГ“ за кои претпставил дека се Сашо Мијалков и Горан Грујевски двајцата обвинети во овој предмет. Нелегално следени биле јавни личности опозиционери, но го забележал мегу нив и тогашниот министер Миле Јанкиевски кој бил таргетиран под псевдоним „ТУИН“. Дека се следат и други актуелни министри се посомневал кога низ УБК се ширела ангдота од телефонски разговор меѓу Јанкуловска и Ставревски на сметка на Никола Груевски.
Лазаревски потсети и неколку разговори со колегата Звонко Костовски кој е сведок во овој предмет. Тој му открил дека нема кој не се следи, но и дека многу повеќе се следи нелегално отколку со налог.
Клучен момент кога сфатиле дека работите излегуваат од контрола бил упадот во А1, раскажа Лазаревски, и тогаш сфатиле дека треба да се стори нешто за да се спречат злоупотребите. Костовски му ги предавал материјалите на Лазаревски. Доколку го застанеле и прашале што е тоа бил спремен да го скрши хардискот преку кој ги пренел податоците.
Сведокот објасни дека од 2008 година, 2 години ги чувал кај себе материјалите бидејќи проценил дека во тој момент нема да може да докаже што се случува. Во 2010 година започнал соработка со ексразузнавачот Верушевски и тогаш му ги предал нему.
Тројцата заедно со тогашниот лидер на опозицијата Заев беа обвинети од државното обвинителство во слуајот ПУЧ кој откако го презеде СЈО го повлече обвинението и за аферата го формираше предметот „Таргет“ каде обвинети се поранешната министерката за внатрешни Јанкуловска и ексдиректорот на УБК Мијалков и уште 9-мина од Управата меѓу кои бегалците Грујевски и Бошковски.
Елена Ивановска Мукоска