Лавина реакции за верзијата на Тамара за химната, премиерот во нејзина одбрана

Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански ги нема во верзијата на химната што Тамара Тодевска ја испеа на синоќешната прослава во американската амбасада. Всушност,   пејачката ја испеа само првата строфа од оригиналниот текст на „Денес над Македонија се раѓа“, прифатен за официјална химна во 1991, а остатокот го измеша со стихови од претходните верзии, притоа исфрлајќи го само спорниот стих. Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, со обвинувања дека ова не е случајна грешка, дека е нарачано и е вовед во промена на химната. Тодевска негира и се извини на фејсбук.

Денеска и премиерот изјави дека се работи за ненамерен пропуст.

По реакциите, се огласија и од американската амбасада.

Во Законот за химна е предвиден и нејзиниот текст, а во член 4  стои дека, може да се изведува само мелодијата и текстот утврдени со закон. Казната за изведување на поинаква верзија од законската е од 4 до 5 илјади евра за правното лице, 1.500 до 2.000 евра за одговорното лице и од 500 до 1000 евра за физичко лице, односно тој што пее. Ако прекршокот е сторен на јавен собир,  глоба од 1.500 до 2.000 евра е предвидена и за лицето одговорно за организацијата на јавниот собир.Парични казни се предвидени и во Кривичниот законик, доколку химната се изложи на потсмев, што е кривично дело.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ