Ласовска на местото на Рангелова

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја избра пратеничката Благица Ласовска за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а Тимчо Муцунски секретар за меѓународна соработка.

Ласовска доаѓа на местото на Даниела рангелова, која поднесе оставка пред месец и половина, зашто, како што соопшти, не може да биде дел од раководство кое ја изолира партијата. По неа оставка од функцијата генерален секретар на Унијата на жени поднесе и пратеничката Лилјана Затуроска, а веднаш потоа се повлече и претседателот на Унијата на млади сили, Лука Кржаловски.

Оставките се случија откако од партијата беа исклучени пратениците кои гласаа за почеток на постапката за уставни измени во согласност со Договорот од Преспа, но и други видни членови и поранешни функционери.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ