Ланските одмори треба да се искористат до 31 мај

Ланските одмори треба да се искористат до 31 мај, појаснува Министерството за труд и социјала. Оние категории вработени кои чуваат мали деца или се дома поради  хронични заболувања, треба да искористат 10 дена од одморот за 2020-та до 30-ти јуни, а останатите – до јуни 2021. Од ваквите одредби, исклучок се вработените во АРМ, МВР, здравствените установи, инспекциите, противпожарните служби и домовите за стари лица.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ