
Лампионски надзор врз прислушувањето на комуникации
Го има, но во пракса не функционира – туку само украсува. Таква е судбината и на граѓанскиот совет за надзор на следење на комуникации, постои законски, има канцеларија во парламентот, некои членови уште немаат безбедносни сертификати.
Советот има и буџетски пари, но нема начин како да ги потроши и да проработи.
Граѓанскиот совет за сите претставки на граѓани кои се сомневаат дека се следени незаконски треба да ја извести собраниската надзорна комисија предводена од опозицијата.
Двете тела треба да проверат. Но сега опозицијата смета дека таа врска треба да се избрише, граѓанците сами да истражуваат, без помош од комисијата.
Власта го избриша опозицискиот предлог,па сега се сопрени законските измени кои меѓу другото треба да овозможат ефикасно функционирање на граѓанскиот совет.
Друг проблем е што досега, за 8 месеци не се ангажирани ниту двајца експерти кои треба да им помагаат на пратениците да ги откријат тајните на нелегалното прислушување.
Следењето сега се врши во ОТА, а директорот бара нов закон за надзор за да биде поефикасен и да спречи злоупотреби од институциите кои може да бараат нечија комуникација да биде следена.
Странците пак кои со пари ги помагаат реформите на службите кои со години биле злоупотребувани бараат ефикасност во надзорот.
Сето ова беше кажано на дебатата за разузнавачките реформи во организација на швајцарската ДКАФ.
Подршка даде и претседателот на Собранието, но и потпретседателката која е и во надзорните комисии, а сега е и осомничена во случајот Рекет.
Пораката од дебатата беше е надзорот да не биде само украс туку и да служи.
Миомир Серафиновиќ