
Лајчак: Ниту една земја не кажа “не” за Северна Македонија
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, по денешните разговори со министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека не можеме да биде задоволни без да дојде одлуката во Октомври, дека европската врата е отворена. Нашата цел е да почнеме преговори во Декември 2019-та година, вели Димитров.
Лајчак, од своја страна, потенцираше дека ниту еден министер за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, не кажал “не” на вчерашниот самит на шефовите на европските дипломатии.