
Лабораторијата во МАНУ отворена за анализи на Ковид 19
МАНУ ги чека првите брисеви за тестирање на КОВИД 19.
Подготовките за отворање на оваа лабораторија бараше поголемо време бидејќи карактеристиката на вирусот Ковид 19 бара и специфична подготовка на целиот простор, на апаратурата, заштита на луѓето кои ќе работат и веродостојност на резултатите, вели професорот Димовски раководител на лабораторија и дописен член на МАНУ.
Иницијална најава е дека кај нас ќе доаѓаат примероци од болниците во внатрешноста, не од Скопје. Но ќе видиме тоа е одлука во од ќе видиме, во однос на потребите кои ќе се искажат на дневна основа. Ние сме спремни, тестираме незивисно што ќе ни донесат. Генерално сме договорени да почнеме со 50 до 100 примероци дневно, вели Александар Димовски. .
Со ова според најавите на надлежните институции ќе се намали долгото чекање, бидејќи голем број граѓани реагираа дека чекаат четири до пет дена за резултати.
Така ни е и структурата, веднаш штом ќе ги добиеме примероците некаде до пладне да стасаат тука, да се регистрираат во текот на попладнето вечерта до другиот ден до ручек да ги издадеме. Така ни е концептот и планот за работа подготвен, додава Димовски.
И додека јавноста е поделена дали мерките кои ги носат надлежните институции треба да бидат толку ригорозни или послаби, Димовски нема дилема.
Кога ќе се донесе одлука за справување со ваков вид на закана каква одлука и да се донесе мора да се почитува. Ова е како објавување на војна, иницијално и Макрон и Трамп и Борис Џонсон ја даваа таа аналогија, вели Димовски.
Клиничкиот тек на болеста има многу непознати и затоа справувањето со Ковид 19 мора да биде внимателно и да се темели на научни сознанија.
Сите манипулации да бидат сведени на минимум доколку сакаме што поскоро да говориме за намален број на заболени, сметаат стручњаците.
Нина Стефанова