Ла Верита: „Македонија е држава со ограничен суверенитет“

Ѓорѓе Иванов, Стево Пендаровски, Зоран Заев, Сашо Мијалков се дел од имињата кои политиколот и новинар Ларис Гајсер често ги споменува во обемната анализа во италијанскиот весник Ла Верита, надоврзувајќи се на обајвената видео снимка во која Боки 13 и Зоран Милевски примаат торби со пари во домот на бизнисменот Орце Камчев како дел од случајот „Рекет“. Гајсер за Македонија ќе каже дека е држава со „ограничен суверенитет во која политичките актери се кукли зад кои стојат далеку помоќни меѓународни фактори“. Понатаму ќе заклучи дека „Могерини и Брисел бараат оставка од премиерот Зоран Заев“. Гајсер е активен и на социјалните мрежи каде што ќе се дообјасни со неколку реченици. 

„Денеска во Ла Верита е објавен првиот дел од мојата сторија што докажува како Европската Унија, откако даде поддршка за промена на режимот во Македонија, со цел да го ограничи нејзиниот суверенитет, се заложи за основање на специјално јавно обвинителство (со Катица Јанева) коешто од самиот почеток не само што нелегално се мешаше во политиката, туку и рекетираше луѓе! Мафијашки систем контролиран од политичари од врвот! Од оние политичари барани од ЕУ и Сорос“, напиша Гајсер.

Понатаму, пак, во весникот Гајсер прави ретроспектива на случувањата во земјата, па наведува дека „во 2016 Меркелова Германија, преку локалното раководство на Дојче Телеком, пресретнала илјадници часови телефонски разговори меѓу членовите на поранешната конзервативна влада и ги предала транскриптите директно во рацете на Зоран Заев со цел да му помогне да дојде на власт и да манипулира со нив како сака“. Се споменува и Џорџ Сорос и неговата фондација која работи во земјава дека финансирала протести за пад на владата на Груевски.

Гајсер е политиколог, новинар и предавач на универзитети, но и познавач на внатрепната полтика на Македонија. Во 2016-та го инервјуирал тогашниот министер од владата на Груевски, Никола Поповски, а свој соврт дал и со текстовите по налсниот упад во Собранието на 27 април со наслов – „Заев социјалистот кој има врски со исламот, поддржан од Могерини ја обвинува Италија за геноцид“. Авторот Гајсер е роден во Птуј, Словенија, а денеска порача дека и понатаму ќе ја бранува македонската јавност, бидејќи видеото и аудиото се само првиот дел од материјалите коишто допрва ќе се објавуваат.

„Во следните неколку денови, ќе објавиме шокантни документи коишто, искрено се надевам, ќе ѐ помогнат на Македонија да го пронајде патот кон функционалната демократија!“, вели Гајсер.

Ла Верита каде од што се „бомбардира“ македонската јавност е весник формиран во 2016 година со тираж од 70 илјади примероци дневно, со седиште во Милано. Ла Верита важи за десничарски весник кој негува тесни врски и му дава отворена поддршка на лидерот на популистичката Северна Лига, Матео Салвини актуелен министер за внатрешни работи.

Павле Беловски

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ