Квалитет а не цена, ќе биде пресудно во тендерот за изградба на новиот Клинички центар

Квалитет а не најниска цена ќе биде пресудно за тоа кој ќе го добие тендерот за изградба на новбиот Клинички центар за кој Владата ќе се задолжи половина милијарда евра. Во тендерот кој денеска беше објавен на системот за електронски набавки не стои  вкупната вредност на набавката. Она што паѓа во очи е дека се отстапува од воспоставената пракса пресудно во изборот на најповолен понудувач да биде најниската цена. За овој тендер, цената ќе носи само 30 бода, додека квалитетот ќе носи 70 бода. Исто така наведено е дека јавната набавка е по модел клуч на рака со поддршка при менаџирањето на проектот.

Од опозциската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека станува збор за обид за злоупотреба на државни пари за изборен поткуп.

На владината 148 седница која се одржа минатата недела беше донесена одлука со која министерствата за финансии и за здравство се задолкжуваат да почнат преговори со австрискиот банкарски конзорциум околу кредитот тежок 500 милиони евра со кои ќе се стартува вториот најголем државен прокет по „Скопје 2014“ – изградбата на новиот Клинички центар. Од Владата не соопштија зошто подигаат кредит под комерцијални услови а не од Европската банка за обвнова и развој, ниту пак која е висината на каматата и вкупниот износ кој ќе треба да се врати.

Новиот Клинички центар ќе се гради во Општината Ѓорче Петров и ќе се простира на 104 илјади квадратни метри  што значи дека еден квадрат во просек ќе чини околу 4.800 евра. Идејата за изградбата на нов Клинички центар беше на претходната Влада чиј проект кој тежеше 72 милиони евра актуелната власт го отфрли овој како нецелосен,  бидејќи тој објект немал да нуди целосна здравствена услуга. Според предвиденото изградбата на Клиничкиот центар ќе трае седум години и први те пациенти ќе ги прими најрано во 2026 година.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ