
Куртули и екс премиерот Владо Бучковски, му застарува делото за „Тенковските делови“
Пресврт во маратонското судење за екс премиерот Владо Бучковски. На завршни зборови обвинителот Анел Фидовски се премисли и го преквалификува делото пред самиот крај. Со новата квалификација всушност предметот застарува велат од Коалицијата сите за правично судење чии преставници го следеле денешното рочиште.
Од обвинителството за Телма велат дека причините поради кои е преквалификувано делото во полесно е за тоа што Министерството за одбрана не пријавило дека е направена значителна материјална штета, а со тоа се согласило и државното правобранителство. Според обвинителот со ова е нарушена постапката за набавка но нема докази за голема штета.
Инаку на инсистирање на Бучковски е дозволено на следното рочиште тој да ги каже последните завршни зборови, а тоа го побарал за да образложи зошто е невин.
Одлука на судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го води предметот за застареност се уште нема, но сепак според познавачите тоа е само формалност која ќе следува на следното рочиште закажано за 22-ри овој месец. Заеdно со неговото дело застаруваат и оние на обвинетиот ексначалник на генералптабот на АРМ Методиј Стамболиски и неколкумина вработени во министесртвото за одбрана.
Обвинителството за организиран криминал во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и Стамболиски за злоупотреба на функциите. Тврдеше дека со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од околу 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.