Курц ги повика граѓаните да гласаат „за“ Договорот за името

Со интонирање на точна химна, но со погрешно знаме на јарболот, Латвиско, денеска со официјални почести во владата беше пречекан премиерот на Австрија, Себастијан Курц. Сепак тоа не го збуни Курц да испрати јасна порака дека Австрија и Европската унија очекуваат позитивен исход од референдумот за името. За австрискиот премиер решението на спорот за името претставува шанса да се постигне динамика за Македонија, но и за целиот регион.

  • „Најпрвин сакам срдечно да го поздравам тоа што е постигнат компромис на ова поле и би сакал граѓаните на Македонија да ги поканам да учествуваат на овој референдум и пред се да се изјаснат „за“ решавање на спорот со името и „за“ европската перспектива. Секако тоа е одлука на скеој поединец и не е мое да ја направа одлуката за некој друг, но како пријател на Македонија и активна членка на ЕУ, сметаме дека би било многу позитивно ако има големо учество и позитивен исход на референдумот“, рече Себастијан Курц, премиер на Австрија.

Курц притоа пораката која ја испраќа во Македонија е идентична и до граѓаните и до премиерот и до опозицијата, а таа е дека е важно балканските држави, а пред се Македонија да имаат европска перспектива, но и да ја користата таа европска перспектива и да одат по тој пат, и оти дел од тое е и решавање на спорот за името.

За македонскиот премиер, посетата на австриски колега е силна порака во клучен историски период за Македонија, но и поттик во пресрет на референдумот на кој, како што рече Заев, граѓаните ќе ја изберат иднината, ќе го дадат својот глас за одобрување на договорот со Грција со кој се гарантира местото на земјава во ЕУ во НАТО.

За тоа дали Договорот за името ќе биде ратификуван во Грција, доколку Македонија го направи тоа, Заев е уверен дека и двете земји ќе ја завршат својата работа за прифаќање на Договорот.

  • „Јас верувам дека секоја од нас, двете земји пријатели, ќе ја завршат својата работа, иако кај нас граѓаните го помагаат процесот на завршување на работата преку успешен референдум, на кој што целосно се надеваме и сме убедени. Истовремено, му верувам на премиерот Алексис Ципрас и на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас дека парламентот, после процесот во Македонија, и во Грција ќе гласа“, рече Зоран Заев, премиер на Македонија.

Македонскиот премиер е уверен, како што рече, во ова бидејќи огромно мнозинство од грчките граѓани сметаат дека Договорот е добра работа за Грција, но за целиот регионот и Европска унија.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ