
Курц: Австрија ќе биде мирна кога и Западниот Балкан ќе биде дел од ЕУ
Австрија ќе биде мирна кога и Западниот Балкан ќе биде дел од ЕУ. Важно е Македонија да има европска перспектива, порачува австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Тој денеска беше пречекан во Скопје од премиерот Заев на чија покана и доаѓа во пресрет на престојниот референдум. Заев му се заблагодари за поддршката која ни ја дава Австрија во период кој е најважен за иднината на Македонија.
Во протоколот при пречекот на австрискиот канцелар е забележан пропуст, односно наместо австриското знаме беше поставено знаме на друга држава, на Латвија.