Кумот, а не внукот на Ременски вработен на „државно“

„Внукот“ на пратеничката Фросина Ременски, вработен на државни јасли, всушност и е кум. За ова таа ги известила и во Антикорупциската комисија, велејќи дека, при вработувањето на личноста за која опозицијата ја обвини за непотизам, нема судир на интереси.

Комисијата отвори предмет и за предизборните унапредувања и именувања во Армијата што минатата недела ги потпиша претседателот Ѓорге Иванов. Станува збор за шест укази за унапредувања кои ги потпишал Иванов откако изборите веќе беа распишани.

Вицепремиерот Бујар Османи, кој денеска ја посети комисијата, рече дека меѓу другото, дошол и за да даде поддршка за неселективно третирање на предметите за непотизам, меѓу кои има и многу функционери на ДУИ.

Претседателката на комисијата бара и од инспекторатите, но и од сите останати институции, да си ја вршат својата работа и да не ја префрлаат одговорноста врз нив, кои, како што вели, се затрупани со предмети. Досега се отворени 60-на случаи за непотизам на актуелни и поранешни функционери, а уште стотина чекаат на ред.

 

Далиборка Дамјанска Цветановска

 

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ