Кумановската група од Диво Насеље од затвор пука бомби преку фејсбук профил на човек кој е во Америка

Кумановската група од Диво Насеље од затвор пука бомби преку фејсбук профил на човек кој е во Америка.

На само половина час преку профилот Ел Чека се објавуваат телефонски разговори најчесто водени на албански јазик, но има неколку и на македонски. Објавувачот пишува дека му ги испракаат осудените за тероризам кои се низ затворитево земјава.

Пишува дека се разговори меѓу функционери на ДУИ, претседателот Али Ахмети но и Муса Џафери и Блерим Беџети.

Еден од разговорите кој се води на македонски јазик пак пишува дека е меѓу тогашниот министер за правда Беџети и екс министерката Гордана Јанкуловска, а објавувачот го објавил со наслов Монструм.

Уште вели дека разговараат за екстрадиција од Косово, на човек што медиумите го поврзувале со случајот Монструм. За останатите пак разговори се тврди дека се главно внатрепартиски работи и навреди кон дел од членството и функционерите на ДУИ.

Ел Чека е само негов псевдоним, додека човекот кој ги објавува под овој профил е по потекло од Кичево.

Во една од објавите му порачува на претседателот на ДУИ Али Ахмети да се држат на страна од неговото семјство.

“Да му кажеш на твојот човек да се држи подалеку од моето семјство, нема што да зборува со нив, ако почнете со закани спремајте се за бегање” – вели во својот фесјбук статус Ел Чека.

Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, само кусо вели дека работат на случајот со објавувањата на прислушкуваните разговори.

Премиерот Заев пак прв пат денеска од новинарите слушна за новите разговори. Не знае дали се од оние кои и тој ги има слушано. Не ги коментира ниту претседателот на Собранието талат Џафери.

Дали се точни тврдењата на Ел Чека дека прислушкуваните разговори му се од кумнановската група, допрва ќе се истражува. СЈО исто така ќе истражува дали истите ги има и во своите сефови или се работи за дел од они кои не се предадени во СДСМ и по тоа во обвинителството.

За сега не се знае колку разговори завршиле во рацете на овој човек, но неофицијално се работи за стотици разговори. Во земјава со закон е забрането објавувањето на овие разговори, но фејзбук профилот е регистриран преку океанот во Чикаго, Илиноис.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ