Куманово за три часа се спреми за карантин во текот на викендот, Димитриевски порача дека ситуацијата во градот не смее да излезе од контрола

Во 21 часот во Куманово почна полицискиот час што ќе трае цел викенд, а и во наредните денови ќе биде построг. Продолжениот полициски час предизвика гужви во маркетите, каде луѓето кои немаа премногу време да ги купат потребните намирници се обидуваа да купат се што им е потребно во текот на викендот кога нема да можат да ги напуштат своите домови.

Граѓаните имаа едвај повеќе од три часа да се подготват за долгиот викенд дома.

Владата ја донесе оваа одлука откако нагло се зголеми бројот на заболени во Куманово, а локалната власт секој ден бараше воведување на карантин.

Во изјавата за Телма, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека според него оваа мерка требало да се спроведе порано, но и да се најави претходно за да не се создаде паника меѓу жителите на градот.

Тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, порачувајќи дека ситуацијата во Куманово не смее да излезе надвор од контрола.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ