Куманово втор ден карантин

Во Куманово втор ден од викенд карантинот. Тивко е, улиците се празни. Граѓаните се повлекоа во домовите од петокот кога Владата донесе одлука да се воведе забрана за движење во градот.Забраната се однесува за периодот од петок од 21:00 часот се до понеделник до пет часот. На улиците кружат само автомобили на полицијата и на здравствениот дом, а на плоштадот има само новинарски екипи кои известуваат за ситуацијата. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници.

Општинскиот кризен штаб, вчера информираше дека согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и друго) треба  да го најават своето излегување на телефонскиот број 192.

Општината, вчера објави и листа на дежурни аптеки и на неколку маркети со телефонски броеви.

Според објавата дежурни аптеки во градот со работно време од 08:00 до 15:00 часот, се: ПЗУ Аптека Еурофарм број.1, Плоштад Нова Југославија бр.2  (стара градска аптека) , 071/291-851, ПЗУ Аптека Про Виталис, улица. „11 Октомври“  број.45, 072/227-077 и 031/415-303, ПЗУ Аптека Куманово 2, улица „Христијан Тодоровски Карпош“ 35 (аптека Зегин кај пазарот зад Лукоил), 075/918-659

Владата го задолжи Општинскиот кризен штаб на Куманово да определи економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на подрачјето на Куманово во деновите сабота и недела.

Претходно и општинскиот кризен штаб побара да се овозможи дистрибуција на храна до купувачите на домашните адреси. Во текот на вчерашниот ден неколку маркети се пријавиле за оваа услуга, а Општината и ги повика останатите да ја контактираат за да се координираат за оваа акција. На листата што ја објави општина Куманово се маркетите, Ацидо Ком маркети 078311077 и 078352669, Ќошар ДООЕЛ Куманово 078258607 и 078258708, Елида 031419521, Јахи Маркет ДООЕЛ с.Черкези 070467311, ДТГМУ Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје 071340742, 071340963, 070358500, 072256100, 071285386, 070299507.

Ниту за време на полицискиот час не се заборавени социјално ранливите категории граѓани. Со поддршка на бројни компании од Куманово и од Скопје, вчера тимовите на општинскиот кризен штаб и на општинската организација на Црвениот крст почнаа со дистрибуција на пакети  со прехранбени производи и пијалоци, средства за лична заштита, хигиена и дезинфекција. Донациите од општествено-одговорните компании ги обезбеди локалниот социо-економски совет.

Најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти, можат да се јавуваат на телефонските броеви : 075 207 126 и 077 71 94 94, повикаа вчера од општинскиот кризен штаб.

Во Куманово, според последните податоци на Министерството за здравство (сабота) има осум новозаболени лица од коронавирус. Во петокот имаше регистрирано 85 лица од кои единаесет се здравствени работници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ