
Куманово во борба со коронавирусот, во градот досега регистриран најголем број на жртви
Четириесетина дена откако беше регистриран првиот случај на заболчен од коронавирусот во Македонија и дваесетина дена од првата жртва, граѓаните и јавноста како да се навикнаа да ја гледаат епидемијата низ призмата на бројките. Секојдневните темелни извештаи се преточени во новорегистрирани случаи и нови жртви. Бројките делувааст навистина застршувачи особено во изминатава недела и рекот кој се обидува да погледне зад овие бројки бидејќи секоја од нив претставува нечиј живот и некое семејство чие секојдневние и нормален тек на живот е целосно нарушен пради оваа сурова болест.
Вчера, по деветдневна битка со вирусот на Инфективната клиника почина родилката од Куманово. Таа се зарази од нејзиниот свекор кој исто така почина. Ова семејство изгуби два животи за само десетина дена.
Слично е и со кумановскиот полицаец, кој почина во понеделникот. Ден пред неговата смрт, борејќи се со вирусот ја загуби својата мајка која почина од инфаркт.
Првиот регистриран случај на заболен во градот беше и првата жртва. Педесет и седумгодишната кумановчанка која заседно со нејзиниот син беа хоспитализирани во критична состојба. Здравствената стотјба на синот сега се подобрува.
Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека поддршката на лицата кои се заболени и семејствата кои претрпеа загуби сега е клучна и дека сите заедно ќе ја водат битката против вирусот.
А денеска не е лесен ден за кумановци. Уште една жртва, нови заболени и нови случаи во кумановската болница. Шест медицински сестри и акушерки се позитивни на тестот. Во болницата веќе има дваесетина членови на персоналот кои се заболени. Заболен има во и старечкиот дом.
Кризниот штаб ќе бара резултатите од тестирањата на вработените во болницата но и на жителите на градот да бидат приоритет.
По викенд карантинот животот во Куманово продолжува. Граѓаните одат на работа, се обидуваат да ги завршат обврските и да набават неоходни намирници. Повеќето од нив носат раквици и маски и чекаат во редови внимавајчи на оддалеченоста а улиците и тротоарите се дезинфицираа со специјални возила.
Огнен Чанчаревиќ