
Куманово: Редици пред банки и оператори, ќе се воведе редарска служба, 23-ца заболени медицински лица
Редицата пред оваа експозитура ја сочинуваа луѓе кои главно ја чекаа социјалната помош од 4 до 5 илјади денари. Долгата колона никој не ја надгледуваше, а банката обезбеди само двајца чувари на влезот. На крај двајца полицајци ги редеа клиентите на банката и им објаснуваа дека тие внатре кажалае како не е стигната социјалната помош.
Во Куманово заврши тридневниот полициски час, престана дождот и се заличи на нормален град иако во него има најголема распространетост на корона вирус. Редици и гужви, колони автомобили. Само на плошатдот имаше 8 редици на луѓе. Најбројните беа пред банките кои донесоа експресна одлука да наплатат камати за 6-месечниот грејс период, но се уште не донеле одлука да го зголемат персоналот за да се одржи ред и да се заштитат и клиентите и банкарските службеници. По час и пол часа чекање, еден кумановец успеа да излезе од банката со помошта за технолошки вишок. Прво седна да земе здив.
Градоначалникот е свесен и за гужвата, ги пофали граѓаните за дисциплината во полицискиот час, но сега ќе воведе редарска служба после денешните слики од Куманово. Бара да се носи социјалната помош и пензиите по дома за да се намали ризикот на ширење на вирусот во гужвите.
Граѓаните на плоштадот не прашуваа и дали ќе добијат помош за невработени која е една од мерките, а за состојбата во Куманово немаа убави зборови.
Во Куманово досега се заболени 23 медицински лица, 16 се лекари и сестри од болницата, 3 заразени се персонал на здравствениот дом и 4-ца заболени медицинари се од приватните здравствени институции и матични лекари. Денеска од 8 потврдени нови случаи во Куманово една е медицинска сестра од здравствениот дом. Овие лекари од центарот за јавно здравје ги носеа примероците за тестирање на над 60 членови на персоналот на болницата. Уште дваесетина тестови се правени по упати од матични лекари и во домашни услови. Во болницата напладне имаше згрижено 23-ца заболени или со симптоми на Ковид 19, а утрово два потешки случаи се префрлени со итна помош на скопските клиники.
Миомир Серафиновиќ