
Kуманово ќе гради спомен обележја на американски фирми кои вработуваа кумановци во Авганистан и Ирак
Куманово ќе гради спомен обележја на американски фирми кои вработуваа кумановци во Авганистан и Ирак. Идејата ја промовираше кумановскиот градоначалник на советот на Куманово вчера.
Спомен плочите ќе бидат закачени во мал парк кај новиот кумановски базен, а прва на ред за закачување е Келог Браун и Рут, компанија од Тексас, во која сопственик беше и поранешниот американски секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд. Почеста според градаоначалникот ја заработиле – со вработување на илјадници кумановци кои беа платени и до 10 илјади долари месечно.
Паркот ќе се вика Паркот на пријателството.
Кумановци се подделени за оваа идеја, и очекуваат првин решение на комуналните проблеми.
Севкупниот проект од кој дел е и спомен плочата за американската фирма – ќе чини околу 5 илјади евра, вели градоначалникот на Куманово познато и по споменикот на Батко Ѓорѓија.
Петар Догов