
Куманово бара целосен каранатин од 14 дена од вторник, Ковид 19 влезе во дом за стари лица
Куманово бара владата размислува дали градот да се стави под карантин до 4 мај. Десетчленото кризно ракводство на чело со градоначалникот Максим Димитриевски изутринава со часови од домашната изолација ги кроеа идните предлог мерки за градот.
Заклучокот е дека Куманово мора да се затвори целосно од вторник натака ,но да смеат да се движат вработените во стопанството.
Бараме од Влада на РСМ да ја издвои Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки на Влада на РСМ, кои важат за севкупната територија на РСМ, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од вторник, 21.04.2020, и ќе трае до понеделник, 04.05.2020 година, со почитување на досегашните донесени мерки од Влада на РСМ, како и дополнителни претходно јасно дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина Куманово.
По, завчерашната прес-конференција на која тој и техничкиот премиер Оливер Спасовски ги симнаа маските иако биле тестирани, а тестотот покажа дека сите од Куманово на средбата се позитивини за вирусот, Димитриевски и тимот побараа од владата да ги добиваат резултатите и лиситтите не подолго до 24 часа.
Од вкупно 1117 заразени заклучно денеска на Куманово му припаѓаат 310 со четирите нови случаи со кои се разбуди градот по изминатото деноноќие. Ковид- заразата од синоќа е за прв пат е детектирина и во дом за стари лица во Куманово.
Во домот „Зафир Сајто“ освен негата за стари лица сега има тројца позитивни. Една корисничка и двајца работени.. Причината е пропуст во протоколите за пандемијата, тврди Димитиревски.
Куманово, е македонскиот Њујорк ,а ако се погледнат статитиките подетално, со 310 заразени заразени е град со 6 пати повеќе пациенти по глава на жител од Скопје.
Состојбата во Куманово со болеста вклучи уште еден аларам ,а тоа е двојно поголемата стапка на смртност кај пациентите спродено со Скопје или 2,4% проценти со 4,6 % кај пациентите од Куманово.
Градот од северот во црните статистики е зад Дебар кој со 51 пациент сеуште го држи црниот рекорд за заразени по глава на жител во општина, или 0,74 проценти.
Главниот град кој под полициски час држи над петстотни илајди жители по глава на жител има заразени колку градот Кочани од истокот, иако епидемиолозите стравуваа дека токму во Скопје заразата требаше најбрзо да се рашири.
Павле Беловски