Кулминација на политичката криза во Италија

Италија влезе во една од најпредвидливите кризи во поновата историја. Коалиционата Влада во Италија се распаѓа, а од премиерот Џузепе Конте се очекува оставка.

Откако челникот на десната партија „Лига“, Матео Салвини ја раскина коалицијата со естаблишментот Движењето пет ѕвезди побара предвремени избори со надеж дека ќе ја искористи вице премиерската функција како платформа за неговата антимигранска, евро-скептична агенда.

Кога неговата партија по мајските избори за Европскиот парламент забележа раст на рејтингот тој неочекувано најави дека сака да ја собори владата.

-Оние кои се плашат од избори, мислам дека е поради тоа што тие не работеа добро и стравуваат дека нема да се вратат во парламентот. Бараме гласање што е можно поскоро, рече Матео Салвини, Лидер Лига пред две недели.

Откако италијанскиот Сенат го отфрли неговиот предлог за предвремено гласање за недоверба, сега на потег е Премиерот Конте, кој од говорницата се очекува ја брани својата влада и да му возврати на Салвини, но можно е и спонтано да поднесе оставка до претседателот Серџо Матарела.

 Против секое очекување е што Движењето пет ѕвезди на чиј предлог Конте застана на премиерската функција, сега со опозициската Демократска партија отворено зборуваат за формирање коалиција.

Но без разлика дали Конте ќе поднесе оставка или Салвини ќе побара недоверба на Владата, тоа ќе значи крај на 65-от владин кабинет, и тоа само 14 месеци по доаѓањето на власт. Политичката неизвесност донесе нестабилна берза и раст на италијанскиот долг.

Фактот дека италијанската економија не расте, фактот дека има голема политичка неизвесност, фактот што најверојатно во иднина би можела да има влада која е антиевропска, на сите овие фактори не се гледа поволно од страна на агенциите за кредитен рејтинг, смета Никола Бори, универзитетски професор.

По оставката на премиерот Конте претседателот Матарела ќе одржи консултации со челниците на политичките партии за да се види дали може да биде формирана алтернативна влада или ќе бидат распишани предвремените парламентарни избори.

Во истовреме Брисел стравуваат дека Салвини, кого го сметаат за близок до рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе ја бетонира својата крајно десна позиција на италијанската политичка сцена.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ