
Куќниот притвор на Камчев по жалба оди во Врховен
На предлог на СЈО, Апелација им го продолжила домашнио притвор за нови 30 дена на Орце Камчев, Цветан Панделевски и Ненад Јосифовиќ осомничени во истрагата Империја. Бидејки апелациониот суд им ги продолжил куќниот притвор на овие осомничените, можат да се жалат пред Врховниот суд, потврдуваат од апелација. Тоа значи дека судот кој минатата недела донесе начелно правното мислење дека на СЈО му истекол рокот за истраги и обвиненија ќе одлучува дали овие осомничени ќе останат во куќен притвор.
Од Кривичен пак информираат дека по службена должност им го укинале куќниот притвор на двајца осомничени во Империја, Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска бидејки СЈО до денеска не доставиле предлог за да им се продолжи оваа мерка.
Од СЈО пак информираат дека за овие двајца осомничени, предложиле до Кривичен да им определи дополнителни мерки на претпазливост.