
Ќуќен притвор за дадилка која тепала близначиња
Куќен притвор во траење од 30 дена заработи дадилка која завчера беше пријавена во полиција дека малтретирала две близначиња.
За само една недела ова е втор случај на негователка уловена на камера како тепа дете.
Случајот го пријавила мајката која во својот дом поставила безбедносни камери и на снимките видела дека нејзините тригодишни деца дадилката скоро цел месец физички ги напаѓала со удари по главата и кубење на косата.
Министерката за труд и социјална политка , Мила Царовска од чие министерство се што се издаваат лиценцата за негователки вели дека одговорностота за работењето на негователките е оној кој ги ангажирал.
Јавноста минатата недела беше потресена од видеото од кое се гледаше како 59-годишна, дадилка на три деца во игротеката го тепа детето кое го чува . Судот за неа одреди мерка притвор.
Теодора Цветковска