Ќучук: Земјата да го помине клучниот тестот на демократијата

Политичките сили во Македонија да овозможат земјата да го помине клучниот тестот на демократијата, преку спроведување одговорни и демократски избори, побара денеска известувачот за земјава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Тој преку соопштение ги повика властите да обезбедат фер и непречен изборен процес во согласност со меѓународните обврски и стандарди, со соодветна заштита на здравјето, додека политичките партии и релевантните државни тела, како и изборната администрација, граѓанскиот сектор и медиумите ги потсети дека имаат должност да обезбедат транспарентна, веродостојна и објективна изборна кампања, ослободена од дезинформација и заплашување.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ