Кучан: ЕУ да покаже колку е способна за прием на нови членки

Поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан изрази надеж дека Самиот во Софија ќе ги откочи интеграциските процеси за земјите од Западен Балкан кои беа блокирани поради неможноста за продлабочување на внатрешните односи меѓу земјите членки во Унијата.Побара од Еу отворено да им каже на земјите кандидати, колку е способна за прием на нови членки.

Проширувањето на ЕУ кон земјите од Југоисточна Европа е неминовно, рече Кучан на меѓународната конференција за европски интеграции, Европа и Балканот. Секое натамошно одложување на овие процеси ќе предизвика недовреба, пад на мотивацијата, скептицизам во правилноста на одлуката за зачленување.

„Очекуваното донесување одлука на Советот на ЕУ во јуни, за почеток на преговори со Македонија и преговори со Црна Гора, влеваат одреден оптимизам. Исполнувањето услови за прием во членството е дефинирано како задача на државите кандидатки. На декларативно ниво се е јасно, се зависи од подготеноста и способноста на кандидатките да ги исполнат условите“, кажа Милан Кучан – Поранешен Претседател на Словенија

И Германија дава подршка на Македонија за членство во ЕУ. Професорот по историја Штефан Требет посочи дека повеќе од една деценија Ангела Меркел се залага за пристапување на Македонија кон НАТО и ЕУ а доказ за тоа е и признавањето на независноста во 1993 година кога се започнува со интензивирање на билатералните односи.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ