
Кржалоски си поднесе оставка од функцијата во ВМРО-ДПМНЕ
Претседател на Унијата на млади сили Лука Кржаловски денеска на фејсбук објави дека си дава неотповиклива оставка од партиската функција. Според партискиот статут целиот извршен комитет на Унија на млади сили сега е во оставка.
Во последниот период партијата е преокупирана со дневна политика, популизам и задоволување на интересите на една мала група луѓе, вели во оставката Кржалоски.
Покрај тоа што моменталното раководство имаше скоро цела една година да излезе со една сеопфатна стратегија за одговарање на горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе дојде до промена на курсот. Кржалоски пишува дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори, тој го истакнува дистанцирањето на ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија, а го потенцира и фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство т.е. воопшто не ја сметаат ВМРО-ДПМНЕ за релевантен фактор.
Вчера од партискта фунција претседател на Унија на жени на партијата, оставка си поднесе и Даниела Рангелова, веднаш по неа и Затуровска и Кузмановска.
Градоначалникот на Кавадарци и поранешен потрептседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев пак обелодени дека добивал смртни закани за неговото семејство доколку учествува на телевиска емисија.