
Крвава тепачка во скопски Аеродром
Скршеници во пределот на носот и вилицата, исеченици по глава предизвикани од удирани со пиштол и потрес на мозокот, заработи 27- годишното момче од Драчево кое синоќа беше нападнато во скопската населба Аеродром.
„Во 22,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Методија Шаторов Шарло“ пред угостителски објект повеќе лица, од кои тројца пријавителот ги познал, физички ги нападнале В.Г.(27) и М.З.(21) и двајцата од Скопје. В.Г. во еден момент изгубил свест. Потоа, заедно со М.З. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР – Скопје и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.
Дел од интернет порталите објавуваат, според извори блиски до нападнатите дека нападот бил со умисла и дека напаѓачите се поврзани со група дилери и лихвари.