Крвав Свети Валентин- тројца мажи ги нападнале партнерките, една почина

Денот на вљубените, Свети Валентајн е празник кога мажите треба да посветат посебно внимание на своите животни сопатнички. Овој 14-ти февруари, покрај убавите моменти за најголемиот дел од вљубените, некаде помина со тешки напади врз жени.

Во три засебни инциденти во Македонија, три жени се повредени, една е убиена, а смртно настрада и еден од мажите-насилници.

Најлошо беше во Кочани, каде 44-годишна жена беше избодена со нож, а сопругот потоа со чекан ја удирал по главата. Жената почина од повредите, а во инцидентот е повредена и нивната 22-годишна ќерка, која се обидела да ја заштити мајка си. Насилникот се качил на покривот на својата куќа и кога дошла полицијата да го апси тој се фрлил и загинал. Повредената ќерка е неконтактибилна во болница. Инцидентот се случил рано утрово.

Во делчевската населба Звегорска река, вчера рано наутро 47-годишне маж ја нападнал 10 години помладата невенчана сопруга. Прво ја навредувал и омаловажувал, а потоа физички ја нападнал,  нанесувајќи и повреди по телото. На жената и била укажана лекарска помош во Итна медицинска помош Делчево, а насилникот е приведен.

Третиот инцидент се случил во Гостивар каде 23-годишен маж ја нападнал својата 38-годишна партнерка. Во неколку наврати насилникот влегол и излегол од станот, во кој жртвата живеела под кирија. Околу 18.30  часот вчера ја нападнал додека била пред влезот на станбената зграда, ја соборил на земја и повеќе пати ја удрил со тупаници по главата и телото. Таа била пренесена во гостиварската болница каде и била укажана лекарска помош. Насилникот е повикан на разговор во полиција, а не е соопштено дали е приведен и дали му е поднесена кривична пријава.

М.С.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ