Кровот на Драмски театар се санира по 16 години

Работници со техничкиот директор земаат мерки од кровот… Ова е денешната слика од Драмскиот театар, каде официјално започна санацијата на кровот. Според техничкиот директор на театарот , со поправката ќе бидат опфатени најоштетените делови од кровот кои не биде квалитетно изведени со поправката во 2001/2002 година.

„Претежно се наоѓаат тука во фоајето, во канцелариите, опфатен е дел над салата, над публиката. Има делови и над сцената. Тие ќе бидат сите санирани. Тоа се проблематични делови за кои мислам дека се направени кога се правело архитектонско решение, дека е несоодветно. И мали се падовите на кровот, на лимот и затоа кога доаѓа поголема количина на вода, таа си бара пат, вели Филип Гулевски- технички директор на Драмски театар

Во санацијата е вклучено поставување и на термоизолација која не била поставена при претходната санација, дополува техничкиот директор Гулевски. Поради овие градежни зафати Драмски ќе одржи уште две претстави, вечерва и утре вечер, а потоа ансамблот оди на летен одмор, со надеж дека проблемите со протекувањето ќе бидат минато.

„Работите ќе се одвиваат горе месец дена, така што од следната сезона, Драмски повеќе се надевам дека нема да има проблем со протекување, се до оној момент, додека не се дојде до решение за новата зграда, изјави  Сашо Тасевски- в.д. директор на Драмски театар

За поправката на кровот на Драмски театар, Министерството за култура издвои 54 илјади евра, а активностите ги врши градежната компанија „ Спектартермо“.

 

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ