Македонија Кризниот штаб против референдумот: Марионетата Мицкоски да не глуми лажен хуманизам
Од Кризниот штаб против референдумот го обвинија Христијан Мицкоски за лажен патриотизам со наводите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе користи само партиски средства за референдумската кампања кога претходно се согласија на значително зголемено финансирање на политичките партии преку државниот буџет со новите законски измени.
„За кои сопствени партиски средства зборува марионетата Мицковски?! Го потстетуваме Мицковски дека само пред еден месец лично постави услов дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за изборот на ДИК а за возврат да се зголеми годишното финансирање на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од буџетот за 2,5 пати. Во бројки тоа значи дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ годишно добиваат од буџетот по 2,2 милиони евра или во еден изборен циклус од 4 години ќе добиваат 8,8 милиони евра од буџетот. Значи, Мицковски најбезобразно лаже дека ВМРО-ДПМНЕ нема да користи буџетски пари за кампањата за референдумот кога веќе заедно со СДСМ ја добија од буџетот сумата од 2,2 милиони евра за 2018 година за редовно годишно финансирање на партиите од буџетот“ велат од Кризниот штаб против референдумот.
Тие го повикаа Мицкоски заедно со ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотираат референдумот за да не се промени уставното име.



