
Кривичниот Суд го одобри случајот за сообраќајката кај Ласкарци
Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која на 13-ти февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост.
По оценетиот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет со К.бр.1407/19 кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а отткако ќе биде насрочен термин за главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.